ЛАВИНА РЕАКЦИИ ПО ИЗЈАВАТА НА МИНИСТЕРОТ: Опасна бактерија на ГАК ги коси новороденчињата

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените реагира на изјавата на министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата каде тој како клучен проблем за високата стапка на смртност на новороденчињата и на родилките ја посочи неоодветната грижа на жените за своето и за здравјето на своите деца.

-Во излагањето на министерот Филипче потенцираната несоодветна грижа на жените за своето здравје и здравјето на своите деца не може да се земе како клучен проблем по однос на ова прашање, особено земајќи ја предвид состојбата со недоволен број на здравствен кадар и нееднаква територијална дистрибуција (особено по однос на специјалистите по гинекологија и педијатрија во примарната здравствена заштита), како и останатите недостатоци во обезбедувањето на здравствената заштита на мајките и децата во Македонија, велат од ЕСЕ.

Од Здружението исто така посочуваат дека во изјавата на министерот недостасува образложение за досега утврдените причини за високата стапка на смртност на овие ранливи групи, врз кои се темелат предлог-мерките.

Според информации кои не се потврдени во последните 10 дена на Гинеколошко акушерската клиника се случиле неколку смртни случаи на новороденчиња, случаи за кои било строго забрането да се информираат медиумите. Со цел да ја разрешиме оваа тензија која владее кај граѓаните и кај пациентките на ГАК, отворено го прашуваме министерот за здравство Венко Филипче и директорката на ГАК, инаку семејна пријателка на Заеви, колку смртни случаи на новороденчиња се случиле, а за кои не била информирана јавноста? Кои се причините за тоа? Дали е пронајдена опасната бактерија мрса во креветчињата на новороденчињата и конечно дали некој ќе сноси одговорност? Прашуваме дали воопшто нешто се презема за овие случаи?

Министерот за здравство Венко Филипче, викендов ги обвини мајките дека тие во најголема мера биле виновни за смртноста на новороденчињата.

-Кога станува збор, пак, за смртноста на новороденчињата, сакам да потенцирам дека таа во голема мера е последица на несоодветната грижа на мајката за своето здравје додека е бремена. Имено, сите податоци укажуваат на фактот дека најголем процент од починатите бебиња се родени предвреме. Малата родилна тежина, но и екстремна незрелост на виталните органи – белите дробови, црниот дроб и нервниот систем, доведуваат до фатален исход, рече Филипче.

Оваа негова изјава предизвика лавина коментари и револт, особено кај женската популација.

 

nike air max 1 sale