Лав: месечен хороскоп за јули 2017

Работа

Ќе ви се пружи шанса да запознаете нови луѓе со кои би можеле да започнете плодна соработка. Овие познанства се резултат на вашата долгорочна посветеност на работата. Венера која владее со вашето поле на работа и кариера од 5 јули па до крајот на месецот ви носи можност да ги подобрите своите работни врски и контакти и со нивна помош да остварите напредок. Ќе умеете да настапувате срдечно, што ќе наиде на добар прием кај другите.

Успех ги очекува оние кои се занимаваат со технологија, информации, угостителство, работа со млади и оние кои се занимаваат со раководни позиции. Избегнувајте да се експонирате премногу и повеќе докажувајте се со дела, а помалку со зборови. Не влегувајте во ризици, а особено бидете претпазливи во деновите околу 17 јули.

Подобрување на финансиите ве очекува во периодот околу 14 јули, што ќе ви овозможи проширување на некој проект и подобрување на вашето салдо. Држете се настрана од луѓе кои сакаат лесна заработувачка.

Невработените Лавови ќе бидат доволно самоуверени и одлучни да не пропуштат ниту една прилика.

Љубов

Ако сте во врска: Ќе забележите дека вашиот партнер е повлечен и нерасположен, па ќе се потрудите да дознаете за што станува збор. На прва рака ќе мислите дека крие нешто од ва, бидејќи ќе ви биде тешко да извлечете нешто од него, бидејќи е загрижен. Немојте премногу да се притискате бидејќи така само ќе се влоши вашиот однос. Партнерот ќе ви се довери и ќе сфатите дека не постои проблем во вашата врска.

Вашата поддршка ќе и значи многу на другата страна. Вашиот однос така ќе влезе во подобра фаза каде ќе има повеќе блискост и развовори. Тоа ќе ви помогне да постигнете напредок во остварување на заеднички цели. Ќе се потрудите да излегувате повеќе и тоа ќе ви помогне да се зближите.

Ако сте слободни : Ќе ве привлечат повеќе личности истовремено и ќе пробате паралелно да им се додворувате. Лесно може да ви се случи така да наидете во две паралелни врски. На почеток ќе ви делува интересно и возбудливо, но брзо ќе сфатите дека не можете да го правите тоа. Ќе дојде момент кога ќе морате да одлучите со која личност сакате да бидете во врска. Бидете одлучни.

За дел од Лавовите ќе се јави личност со која имале нешто на емоционално поле во минатото и ќе бидат заинтересирани да почнат од почеток.

Здравје

Во првата половина од јули, здравјето ќе ви биде прилично чувствително. Ќе бидете подложни на вирусни инфексии кои можат да предизвикаат мачнина и дехидрација. Поради тоа, важно е да земате додатоци за јакнење на имунитетот. Вашата енергија ќе биде на ниско ниво и затоа потребно е да сте физички активни за да ја повратите енергијата. Избегнувајте стресни ситуации.