„Лајка“ формирана, но бездомните кучиња уште се без дом!

Кога Лајка ќе ги спаси бездомните кучиња во градот? 

Проблемот со бездомните кучиња и искасани луѓе не застарува со години. Тажните слики на масовно отруени кучиња и извештаи за каснати луѓе продолжуваат да зборуваат дека од проблемот кој државата не може да го реши, страдаат и животните и луѓето.

Скопјани едвај чекаат да профункционира во практика новоформираното претпријатие „Лајка“, за кое од градот сѐ уште нема потврда од кога ќе почне да работи.

Граѓаните бараат тргање на кучињата скитници од улиците и ефикасно решавање на проблемот со бездомните животни, кои навистина премногу се намножија. 

Од невладината организација „Анима мунди“ истакнуваат дека проблемот не може да се реши само со отстранување на кучињата од улиците, туку дека неодговорните сопственици во овој момент се најголемата причина за постојаниот прираст на напуштени животни.