Лаги за пријателствата кои постојано си ги кажуваме

Кога имаме проблем со нашите партнери или пак некој од нашето семејство, им се обраќаме на нашите пријатели. Тие се тука кога ни е потребен некој да нѐ сослуша, да ни даде поддршка или пак совет. Тие ни помагаат да се соочиме со проблемите и чувствата кои доаѓаат од личните и меѓуличните борби.

Но, кому се обраќаме кога имаме проблем со нашите пријатели? Што е уште полошо, не можеме да им се обратиме на другите пријатели, бидејќи тоа ќе изгледа како озборување, особено доколку тоа се заеднички пријатели.

Сепак, како возрасни личности на ум имаме некои лаги кои си ги кажуваме себеси, а кои не се воопшто точни.

Треба да знаеме како да ги зачуваме пријателите

Одржувањето на пријателствата воопшто не е лесна работа. Како и сите врски и односи меѓу луѓето, пријателствата бараат време и напор и не е воопшто лесно да се постигне балансот. Предизвиците со кои се соочуваме во пријателствата се со нас во текот на целиот живот, а особено додека сме повозрасни личности. Дури и кога мислиме дека пријателствата ни беа лесни порано, сепак треба да сфатиме дека како повозрасни имаме повеќе одговорности и обврски, но и повеќе фрустрации. Исто така, колку и да ни е од помош технологијата, сепак таа го менува начинот на кој комуницираме со нашите пријателства и често доведува до различни недоразбирања.

Немаме доволно пријатели

Не постои точен број на пријатели колку би требали да имаме. Тоа што е доволно за една личност, може да биде различно за друга личност. Не е важен бројот на пријатели, туку поддршката која ја имаме од оние кои ги нарекуваме пријатели. Дури и само еден близок пријател, може да има огромно позитивно влијание на нашата емоционална и физичка благосостојба.

Треба да имаме најдобар пријател

Кога растеме, сфаќаме колку значат најдобрите пријатели. Тоа што е уште поважно е дека постојано сакаме да ставаме етикети на нештата во нашиот живот. Сакаме да наречеме една личност најдобар пријател, само ако и таа нам нѐ нарече исто така. Сепак, истражувањата покажуваат дека пријателствата не функционираат баш така. Имањето на еден најдобар пријател на кој можеме да му се довериме и да добиеме поддршка не е поспецијално од повеќе добри, односно најдобри пријатели.

Треба да останеме најдобри пријатели со нашите пријатели од детството

Стабилноста е многу важна за секој меѓучовечки однос. Иако е многу важно и корисно да одржуваме добри односи со луѓето кои се од нас од мали, сепак не можеме по секоја цена да се трудиме да одржуваме добри односи со луѓето кои се на различно ниво од нас, односно кои имаат денес различни вредности и ставови. Во текот на животот се развиваме како личности, но треба да знаеме дека развојот не е еднаков за сите луѓе. Така, не сме приморани да бидеме пријатели со луѓе чиј живот тргнал на различна патека од нашиот и со кои веќе не делиме исти верувања и ставови.