Куркума е познатиот зачин, кој е познат како кралица на зачините. Богат е со хранливи материи како витамин Е, Ц, К, калиум, железо и тн. Поради своите богати состојки, често се користи во ајурведската медицина.

Акни

Акните се чест проблем за тинејџерите. Можете да ги третирате акните со смеса од еднакво количество мед и куркума. Измешајте ги двете состојки додека не формирате паста. Нанесете ја на местата каде имате акни или пак на целото лице. Смесата нека отстои на вашето лице околу 40-50 минути а потоа измијте со вода. Нанесувајте еднаш дневно за да се ослободите од акните на брз начин.

Настинка

Настинките се особено чести во текот на есента и зимата. Куркумата е многу ефективна во борбата против настинките. Направете напиток од куркума, мешајќи 1 лажица куркума во 1 чаша топло млеко. Ова млеко е многу познато во ајурведската медицина за справување со настинки, но и за подобрување на имунитетот.

Изгореници

За да ги намалите негативните ефекти од изгорениците, измешајте ½ лажица куркума во 1 лажица јогурт. Нанесете на местата кои се изгорени. Тоа ќе ја намали болката и ќе ви помогне брзо да се ослободите од негативните ефекти.

Убоди од инсекти

Измешајте 4 лажици вода со 1 лажица куркума и малку ливчиња од босилек. Направета паста и нанесете на местата каде имате убоди од инсекти. Тоа ќе го намали црвенилото, но и чешањето.

Болно грло и кашлица

Паста направена од мед и куркума помага за ублажување на непријатната болка во грлото. Освен тоа, ја смирува кашлицата. Направете паста од еднакво количество од куркума и мед.  Куркумата е одлична  бидејќи има антивоспалителни состојки и заедно со медот се одличен природен лек за ова. Јадете по 1 лажица од пастата додека не се смири кашлицата.