Купуваме воздух, во “ххл” пакувања

На полиците има се повеќе производи  „ххл” пакувања, воглавно грицки и солени крекери, житарици и но друга роба од широка потрошувачка во кои буквално ни се продава воздух.

Иако правилниците за декларација се испочитувани и нето грамажата е правилно наведена, преголемото пакување асоцира на поголема количина по ниска цена. Тоа купувачите како магнет ги привлекува при пакувањето асоцира на изборот на овие артикли, што според европските стандарди се третира како нечесна бизнис пракса.

Големината и обликот на амбалажата и тоа како влијаат на купувачите. Секако дека ќе посегнат за поголемо пакување, убедени дека тоа е поевтино. Овде проблемот е што половина од таа кеса е празна, а купувачите тоа не го знаат

Посветете повеќе внимание при купувањето. Децата се најчести жртви на овој вид измама, мислејќи дека во пакувањето има повеќе од производот, па би требало на време да се обучат, бидејќи тие се наши идни купувачи