Купивме модерен камион, но нема кој да вози – во Македонија недостасуваат професионални возачи, иако платата е солидна

Македонија квантитативно го зголеми бројот на супермодерни камиони, но сега се соочува со нов проблем - нема професионални возачи што ќе ги возат.

- Бројот на возилата порасна повеќе од можноста да имаме појава на нова генерација на возачи и затоа во овој момент се чувствува недостатокот од возачи, затоа што и објективно ги нема. Секое заминување на возач во пензија или кај друг работодавач во државата или надвор од нејзините граници, значи намалување на можноста да се најде друг искусен кој веднаш ќе може да го замени оној што заминал - нагласува оние кои се занимаваат со оваа проблематика.

По стекнувањето на искуство кај домашен превозник, некои од возачите бараат друг работодавач кој ќе им овозможи поголема заработка, но и поради фактот што најчесто сумата која им се одредува како плата и надоместоци од плата зависи и од извршените превози на возачот. 
- Трката по заработка ги прави македонските превозници неинтересни, бидејќи не се флексибилни. Прво, има недостаток на меѓународни транспортни дозволи за континуирано вршење на превоз. А второ и поради застоите што ги имаат при враќање во државата и завршување на процедурите, особено ако пратката задолжително е поврзана со одобрение од инспекторските служби на граничните премини (фитосанитарен, ветеринарен, земјоделски или санитарен инспектор за храна), поради што се губи дополнително ден или два. Во текот на еден месец сигурно се губи еден превоз кој е штета за превозникот, но и за возачот затоа што истиот не може да заработи колку што планирал – велат тие.