Куп Скопје 2017 и 4-та Изложба на макети, диорами и минијатури

Како и минатата година и оваа година во периодот од 3-ти до 5-ти Март, макетарскиот клуб “Мајор Михајло Ивановски – Микс” организира изложба на макети, диорами и минијатури! Изложбата веќе трета година по ред ќе се одвива во просториите на Домот на АРМ!

Овој настан како и минатите два (2015-тата и 2016-тата година) ќе имаат интернационален карактер, а по минатогодишниот голем успех, членовите на клубот решија оваа година за првпат да се оддржи и натпревар во макетарство.

Во најава се клубови и поединци од Србија, Хрватска, Бугарија и Грција! Според најавите оваа година се надеваме и на поголемо медиумско покривање на настанот, а воедно расте и бројот на спонзори, што укажува дека настанот веќе е општествено прифатен и како таков ветува голем успех во иднина!

Посетителите ќе можат да се запознаат со светот на минијатурата преку делата на домашните и странските изложувачи, како и во директна комуникација со учесниците и членовите на клубот! Очекувањата се огромни, особено во делот на остварување поблиска соработка со образовните институции каде најмладите ќе можат директно да се запознаат со ова благородно хоби!

Агендата на настанот предвидува следни активности во следниве термини:

1. Свечено отворање Март 3-ти, 20:00 часот,

 2. Изложба, Март 4-ти во периодот од 11:00 чаот до 20:00 часот,                                                        

3. Изложба, Март 5-ти во период од 09:00 часот до 16:00 часот,                                                        

4. Натпревар во макетарство, Март 5-тиво период: од 09:00 часот до 11:00 часот пријавување на макетите;  од 11:00 часот до 14:00 часот судење; во 16:00 часот затворање на изложбата и натпреварот со доделување на награди за најуспешните!