Култура
21. November 2016 - 13:43

Културни случувања во Скопје (21.11-27.11) Страна 2 од 2

Среда 23.11.2016

Музеј на град Скопје

Дизајнерска дружба

Ако сакате да размените искуства, да ги проширите хоризонтите или пак да се запознаете со некој од нашите гости добродојдени сте на дружба. Споделете дизајнерска љубов!

Почеток: 16.30

Public Room

Форми: SDW 2016 

Со големо задоволство те покануваме на повторно дружење и запознавање со светот на Форми! Овој пат, за прв пат ќе земат учество на Skopje Design Week, по повод лансирањето на нивната интернационална веб страна. За време на оваа прослава на дизајнот ќе можете да се запознаете со нивниот бренд, уникатниот дизајн зад пакувањето на нивниот производ и предностите од користењето на Форми.

Почеток: 20.00

МОБ

Клеопатра балет 

Јубилеј – 25 години уметничка дејност – Александра Мијалкова – Примабалерина. Балетски спектакл.

Почеток: 20.00

Четврток 24.11.2016

Urban Garage

Перија

Идејата на звукот е да обедини и да не познава граници и определби, пред него сме сите еднакви и поврзани, она кое зборот не може да го каже звукот го пренесува. Наивно, но сепак моќно, ако секој си дозволи да се препознае себеси во идејата за единство.

Настапуваат:
Леа – лаута
Кате – кемене, бендир
Филис – тамбура, даф
Ани – тамбура, перкусии

Почеток: 21.30

Петок 25.11.2016

МКЦ

ТАКСИРАТ го претставува и новото издание на ПИН музичката конференција. Ова е трето издание на единствената меѓународна музичка конференција во Македонија, која се организира по примерот и во соработка со водечките европски конференции, како повеќедневен европски саем на музичките креативци. Годинава, програмската фокус-земја на ПИН е Словенија, па во рамки на случувањата за време на конференцијата, посебен дел ќе биде посветен на гостите, музичките искуства и музичарите од Словенија. Дел од првите учесници на наше огромно задоволство ќе бидат претставени во соработка со љубљанскиот МЕНТ фестивал кој на ПИН конференција ги претставува новите музички сили на Словенија. Трите музички имиња во нивна селекција и за чии настапи на ПИН тие велат дека не смеете да пропуштите се: KOALA VOICE, ČAO PORTOROŽ и BLAŽ.

Почеток: 09.00

Public Room

Lucky Friday

Tikves Special Selection, Brzanov, Popov – 2 шишиња или 2 чаши наливно вино, по цена за едно!

Надополнети со вкусна храна, пријатна тераса, боса нова џез… за опуштено дружење после напорна работна недела!

Почеток: 16.00

МКЦ

Morcheeba (Skye & Ross) @Taksirat, Skopje

Најновиот проект на членовите на светски славниот бенд MORCHEEBA, пејачката Skye Edwards и гитаристот и половина од продуцентското дуо на групата Ross Godfrey го потврдија своето гостување во Скопје во рамки на 18-тото издание на ТАКСИРАТ фестивал. Тие заедно со останатите концертни членови на Morcheeba, басистот Steve Gordon, клавијатуристот Richard Milner и тапанарот Jaega Mckenna-Gordon ќе настапат во Младински Културен Центар, на 25 ноември. Skye и Ross овој нов проект го најавија годинава, започнувајќи ја и големaта светска турнеја „Skye and Ross from Morcheeba“ во чии рамки Скопје и Таксират имаат чест да бидат домаќини на овие извонредни музички уметници. Сет листата на нивниот концерт во Скопје ќе ги опфати сите големи хитови и најважни моменти од кариерата на Morcheeba која трае речиси две децении, но публиката воедно ќе има прилика да ужива и во песните од новиот албум.

Почеток: 20.30

С26

DAN SHAKE .Mahogani Music

DAN SHAKE [Mahogani Music]
MOSAIK KOLLEKTIF

Почеток: 23.00

МКЦ

The Advent (Live) na Taksirat 

The Advent – Live (UK)
Petar Dundov – Live (CRO)
Mladen Tomic (BIH)
Speedy (SRB)
Goran Kan (MKD)

Почеток: 23.30

Сабота 26.11.2016

Public Room

Design Thinking Работилница

Design thinking се дефинира како иновативен пристап или процес преку кој креативно се пронаоѓаат решенија на проблеми и потешкотии со кои секојдневно се среќаваме.
Овој метод користи user-centric или human-centered пристап каде особен акцент се дава на разбирање и градење според потребите и барањата на потрошувачите.

Работилницата е наменета за секој кој сака да дознае повеќе за процесот на Design Thinking, за секој кој сака да знае повеќе за иновации и за секој кој сака да да воведе креативност и да го разбуди младиот дух во себе, без разлика дали сте студенти или професионалци.

Почеток: 13.00

МОБ

Битлси со џез оркестарот на ЗЏМ

Концертот ZJM Jazz Orchestra plays the BEATLES (Битлси со Џез оркестарот на ЗЏМ) вклучува изведби на композиции од познатите Битлси, овој пат преработени со џез аранжмани на Алан Бејлок, Мајк Кроти и Мајк Холобер, кои на музиката на најпопуларниот поп-рок бенд од 60-тите и 70-тите години ѝ даваат еден поинаков и покомплексен призвук. На прорамата ќе бидат изведени познатите теми како Can’t buy me love, Get Back, Hard Day’s Night, Hey Jude, Lady Madonna и многу други.

Диригент: Сиги Феигл (Австрија)

Почеток: 20.00

Недела 27.11.2016

МОБ

Монти Пајтон Спамалот во Скопје @Таксират18

Монти Пајтоновиот „Спамалот“, музичката комедија базирана на филмот „Монти Пајтон и Светиот Грал“ и еден од најпопуларните бродвејски мјузикли досега, за прв пат и ексклузивно ќе биде одиграна пред македонската публика, во рамки на Таксират фестивалот.

Мјузиклот „Спамалот“ во Скопје доаѓа со импресивна актерска и танчерска екипа, во досега невиден состав. Токму за овој мјузикл, српската актерска легенда Никола Којо по 20 години се враќа под театарското светло преку ликот на Крал Артур, а со него на сцената брилијираат и Никола Ѓуричко, Срѓан Тимаров, Гордан Кичиќ, Дејан Луткиќ, Мирољуб Турајлија, Иван Марковиќ и славната Јелена Јовичиќ која неодамна со главната улога во мјузиклот „Мама Миа“ ја восхити и македонската публика. Како режисер на мјузиклот се потпишува Радослав – Рале Миленковиќ.

Влез: 1200 денари

Почеток: 20.00

МКЦ

Да го поздравиш и да ми го бациш

Цената на билетот е 300 денари

Играат:

Бојан Кирковски
Ненад Митевски
Наташа Петровиќ
Симона Спировска

Режија:
Билјана Радиноска

Почеток: 21.00