Културни случувања во Скопје (21.11-27.11)

Распоред на културни настани во главниот град 21.11-27.11. 2016

Понеделник 21.11.2016

Кино Милениум

ПОНЕДЕЛНИК – СРЕДА (21.11. - 23.11.):

15:00 часот - ИНФЕРНО (INFERNO)

17:30 часот - ДОКТОР СТРЕЈНЏ (DOCTOR STRANGE)

20:00 часот - УСТАВ НА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА (THE CONSTITUTION)

22:00 часот - НОЌЕН ЖИВОТ (NIGHTLIFE)

Музеј на град Скопје 

Отворање на 9. Скопје постер фестивал

Официјално отворање на 9. Скопје постер фестивал.
Публиката ќе ужива во следниве изложби:

1/ 9. Скопје постер Меѓународен студентски конкурс за плакат „Криза на идентитет“ | Прогласување на победници

2/ Изложба на плакати од победниците на 8. МСКП „Сите за луѓето со попреченост“

3/ Изложба на плакати од работилници за 9. СПФ

4/ Изложба на постери од жири членовите
(Фин Нигаардс, Фонс Хикман, Мижел Буве, Ришард Каја, Тони Васиќ)

Почеток: 20.00

Кинотека на Македонија

Недела на современ шпански филм

„Овците не го пропуштаат возот”
(Las ovejas no pierden el tren)
Игран филм, Шпанија
2014 г., 103 мин., колор, блуреј
Режија: Алваро Фернандез Армеро (Álvaro Fernández Armero)
Сценарио: Алваро Фернандез Армеро (Álvaro Fernández Armero)
Улоги: Раул Аревало, Инма Куеста, Алберто Сан Хуан (Raúl Arévalo, Inma Cuesta, Alberto San Juan)

Почеток: 20.00

МНТ

Електра

Адаптација и режија: Андриј Жолдак Дејство во античкиот мит за Електра Електра, ќерка на кралот Агамемнон и кралицата Клитемнестра, и брат ѝ, Орест, заговараат одмазда против мајка им, Клитемнестра, и нејзиниот љубовник, Огист, заради убиството на татко им, Агамемнон. Овој антички мит претставува основа на трагедиите на Есхил, Софокле, Еврипид и Жан-Пол Сартр.

Улоги:
Дарја Ризова – Електра, ќерка на Агамемнон
Александар Ѓорѓиески – Орест, син на Агамемнон
Звездана Ангеловска/Камка Тоциновски – Клитемнестра, нивна мајка, жена на Агамемнон
Славиша Кајевски, Борче Начев – Агамемнон, нивни татко
Никола Ацески – Огист, љубовник на Клитемнестра
Еврипид – Славиша Кајевски, Борче Начев
Звездана Ангеловска/Камка Тоциновски – Жена на Еврипид
Александар Михајловски – Исус
Калина Трипкова, Мишел Митевска – Електра во детството
Арна Шијак – Бодигард на Клитемнестра, негувателка на Електра и Орест

Почеток: 20.00

Кино Култура

Контра Кадар СК31 – GMO OMG – Органска храна, здравје или?

Во понеделник ќе се зборува на темата која е можеби најважна за нас како живи битија, што јадеме?

Како вовед во дискусијата ќе се проектира документарниот филм на Џереми Сеиферт, Џил Латиано и Џошуа А. Кунау, GMO OMG од 2013 година кој прикажува фамилија која се интересира за тоа што е ГМО и зашто толку малку сме информирани со тој термин при што одат во потрага да дознаат се што е поврзано со генетски модифицираните организми (ГМО).

После овој филм ќе има дискусија со двете гостинки: Биљана Костовска од кооперативата на потрошувачи на органска исхрана – Добра земја и Валентина Колар-Јовановска, директор на Балкан Биосерт Скопје, тело за контрола и сертификација на органско произвоство.

Почеток: 20.00

Public Room

SDW: For food lovers

Дегустација на храна подготвена од италијанскиот шеф Giorgio Coa од Сардинија.

Резервација на 02 609 2650 и/или contact@publicroom.org.

Влез: 900 денари и ограничен број на карти

Почеток: 20.00

Рок Кафана Рустикана 2.0

Неделна програма

*Понеделник – Happy Monday со Natalija Danailova и Никола за среќен почеток на неделата  Старт после 21:00

*Вторник – Heineken Tribute Tuesday. Heineken 0,5 по промо цена од 100 денари и музика исклучиво од еден артист во периодот од 21:00 – 00:00.

*Среда – Blues & Whiskey Wednesday. In The Mood Blues Duo со најдобриот акустичен блуз перформанс во градот и 6 вида на виски по цена од 100 денари.

*Четврток – Кириличен рокенрол со Аудиоскопје после 21:30

*Петок – Вино и Гитари од 17:00. Афтерворк со Аце и Јоце во соработка со Тиквеш. Александрија Cuvee и Special Selection Oak Edition по цена од 600 денари за 0,75.
Акустична вечер со Кума и Црни старт после 21:30.

*Сабота – Македонски евергрини со Lili Chilli од 14:00 и Burger Happy Hours од 14:00 – 18:00. 20% попуст на сите бургери во овој период. R’n’R 101 со Ringroad. Класисична рок едукација со старт после 21:30.

За инфо и резервации пишете ни во инбокс или свртете на 075 478 134

Почеток: 21.00

 С26

Twelve Moons of Jazz

Twelve Moons Of Jazz во седмото продолжение, ќе биде место на испреплетување во различноста на изразот прикажан преку музика и пишан збор. Топлината овој месец ја носат творци кои од различен агол ја набљудуваат музиката.

Од страната на сцената овој пат ни гостува еден од најистакнатите македонски тапанари и перкусионисти Goce Stevkovski. Запаметен по соработката со Кирил Џајковски, Леб и Сол, Архангел, Ласт експедишн, Проект Жлуст, ДНО, Коџабашија, Фолтин, Бодан Арсовски и Езгија оркестра, Шаревски Квартет, Зоран Маџиров и останатите, Стевковски во 2013 година се издигнува на повисоко ниво компонирајќи го својот деби албум насловен “7 Stories” заедно со повеќе етаблирани македонски музичари во проектот едноставно именуван Goce Stevkovski Septet.

Почеток: 21. 30

Вторник 22.11.2016

Музеј на град Скопје

Фонс Хикман -Работилница- Дизајнирај влијателен социјален плакaт 

Фонс Хикман (Германија) ќе одржи работилница во која ќе ве менторира во процесот на дизајнирање влијателен социјален плакат. Дополнително ќе Ви покаже како со симболика да го привлечете вниманието на Вашите таргет групи и како да користите различни техники во дизајнирање на плакатот.

Локација: Салон 2

Наменет за: студенти по визуелни уметности, архитектура, дизајн и професионални дизајнери.

Учество: со пријавување и котизација (симболична котизација за студенти)

Почеток: 10.00

Кино Култура

Урбани градини за зелени градови

Пермакултурата како систем на алатки за еколошки дизајн на одржливи системи, нуди многу можности и долгорочни решенија за создавање одржливи земјоделски продуктивни, и незагадени, здрави населби.

Какви се шансите оваа идеја да се примени во нашите градови, наспроти проблемите со кои се соочуваме (загаденост, инфраструктурни проблеми, недостаток на погодна земја)?

За презентерот: Јан Зијлстра доаѓа од Холандија. Долги години патувал, работел и живеел во Европа, Азија, Австралија, Централна и Јужна Америка. Престојувањето во природа и средбите со луѓе од разни култури и средини го направиле свесен за тоа дека треба колективно да се посветиме на поодржлив начин на живот.

Почеток: 19.00

Продолжува на наердната страна......

 

Среда 23.11.2016

Музеј на град Скопје

Дизајнерска дружба

Ако сакате да размените искуства, да ги проширите хоризонтите или пак да се запознаете со некој од нашите гости добродојдени сте на дружба. Споделете дизајнерска љубов!

Почеток: 16.30

Public Room

Форми: SDW 2016 

Со големо задоволство те покануваме на повторно дружење и запознавање со светот на Форми! Овој пат, за прв пат ќе земат учество на Skopje Design Week, по повод лансирањето на нивната интернационална веб страна. За време на оваа прослава на дизајнот ќе можете да се запознаете со нивниот бренд, уникатниот дизајн зад пакувањето на нивниот производ и предностите од користењето на Форми.

Почеток: 20.00

МОБ

Клеопатра балет 

Јубилеј – 25 години уметничка дејност – Александра Мијалкова – Примабалерина. Балетски спектакл.

Почеток: 20.00

Четврток 24.11.2016

Urban Garage

Перија

Идејата на звукот е да обедини и да не познава граници и определби, пред него сме сите еднакви и поврзани, она кое зборот не може да го каже звукот го пренесува. Наивно, но сепак моќно, ако секој си дозволи да се препознае себеси во идејата за единство.

Настапуваат:
Леа – лаута
Кате – кемене, бендир
Филис – тамбура, даф
Ани – тамбура, перкусии

Почеток: 21.30

Петок 25.11.2016

МКЦ

ТАКСИРАТ го претставува и новото издание на ПИН музичката конференција. Ова е трето издание на единствената меѓународна музичка конференција во Македонија, која се организира по примерот и во соработка со водечките европски конференции, како повеќедневен европски саем на музичките креативци. Годинава, програмската фокус-земја на ПИН е Словенија, па во рамки на случувањата за време на конференцијата, посебен дел ќе биде посветен на гостите, музичките искуства и музичарите од Словенија. Дел од првите учесници на наше огромно задоволство ќе бидат претставени во соработка со љубљанскиот МЕНТ фестивал кој на ПИН конференција ги претставува новите музички сили на Словенија. Трите музички имиња во нивна селекција и за чии настапи на ПИН тие велат дека не смеете да пропуштите се: KOALA VOICE, ČAO PORTOROŽ и BLAŽ.

Почеток: 09.00

Public Room

Lucky Friday

Tikves Special Selection, Brzanov, Popov – 2 шишиња или 2 чаши наливно вино, по цена за едно!

Надополнети со вкусна храна, пријатна тераса, боса нова џез… за опуштено дружење после напорна работна недела!

Почеток: 16.00

МКЦ

Morcheeba (Skye & Ross) @Taksirat, Skopje

Најновиот проект на членовите на светски славниот бенд MORCHEEBA, пејачката Skye Edwards и гитаристот и половина од продуцентското дуо на групата Ross Godfrey го потврдија своето гостување во Скопје во рамки на 18-тото издание на ТАКСИРАТ фестивал. Тие заедно со останатите концертни членови на Morcheeba, басистот Steve Gordon, клавијатуристот Richard Milner и тапанарот Jaega Mckenna-Gordon ќе настапат во Младински Културен Центар, на 25 ноември. Skye и Ross овој нов проект го најавија годинава, започнувајќи ја и големaта светска турнеја „Skye and Ross from Morcheeba“ во чии рамки Скопје и Таксират имаат чест да бидат домаќини на овие извонредни музички уметници. Сет листата на нивниот концерт во Скопје ќе ги опфати сите големи хитови и најважни моменти од кариерата на Morcheeba која трае речиси две децении, но публиката воедно ќе има прилика да ужива и во песните од новиот албум.

Почеток: 20.30

С26

DAN SHAKE .Mahogani Music

DAN SHAKE [Mahogani Music]
MOSAIK KOLLEKTIF

Почеток: 23.00

МКЦ

The Advent (Live) na Taksirat 

The Advent – Live (UK)
Petar Dundov – Live (CRO)
Mladen Tomic (BIH)
Speedy (SRB)
Goran Kan (MKD)

Почеток: 23.30

Сабота 26.11.2016

Public Room

Design Thinking Работилница

Design thinking се дефинира како иновативен пристап или процес преку кој креативно се пронаоѓаат решенија на проблеми и потешкотии со кои секојдневно се среќаваме.
Овој метод користи user-centric или human-centered пристап каде особен акцент се дава на разбирање и градење според потребите и барањата на потрошувачите.

Работилницата е наменета за секој кој сака да дознае повеќе за процесот на Design Thinking, за секој кој сака да знае повеќе за иновации и за секој кој сака да да воведе креативност и да го разбуди младиот дух во себе, без разлика дали сте студенти или професионалци.

Почеток: 13.00

МОБ

Битлси со џез оркестарот на ЗЏМ

Концертот ZJM Jazz Orchestra plays the BEATLES (Битлси со Џез оркестарот на ЗЏМ) вклучува изведби на композиции од познатите Битлси, овој пат преработени со џез аранжмани на Алан Бејлок, Мајк Кроти и Мајк Холобер, кои на музиката на најпопуларниот поп-рок бенд од 60-тите и 70-тите години ѝ даваат еден поинаков и покомплексен призвук. На прорамата ќе бидат изведени познатите теми како Can’t buy me love, Get Back, Hard Day’s Night, Hey Jude, Lady Madonna и многу други.

Диригент: Сиги Феигл (Австрија)

Почеток: 20.00

Недела 27.11.2016

МОБ

Монти Пајтон Спамалот во Скопје @Таксират18

Монти Пајтоновиот „Спамалот“, музичката комедија базирана на филмот „Монти Пајтон и Светиот Грал“ и еден од најпопуларните бродвејски мјузикли досега, за прв пат и ексклузивно ќе биде одиграна пред македонската публика, во рамки на Таксират фестивалот.

Мјузиклот „Спамалот“ во Скопје доаѓа со импресивна актерска и танчерска екипа, во досега невиден состав. Токму за овој мјузикл, српската актерска легенда Никола Којо по 20 години се враќа под театарското светло преку ликот на Крал Артур, а со него на сцената брилијираат и Никола Ѓуричко, Срѓан Тимаров, Гордан Кичиќ, Дејан Луткиќ, Мирољуб Турајлија, Иван Марковиќ и славната Јелена Јовичиќ која неодамна со главната улога во мјузиклот „Мама Миа“ ја восхити и македонската публика. Како режисер на мјузиклот се потпишува Радослав – Рале Миленковиќ.

Влез: 1200 денари

Почеток: 20.00

МКЦ

Да го поздравиш и да ми го бациш

Цената на билетот е 300 денари

Играат:

Бојан Кирковски
Ненад Митевски
Наташа Петровиќ
Симона Спировска

Режија:
Билјана Радиноска

Почеток: 21.00