Културен информатор: Театар, кино, концерти закажани настани во Скопје неделава!

Понеделник 19.06.2017

21.00/ Спортски центар „Ново Лисиче“

На отворена сцена поставена во спортскиот центар „Ново Лисиче“ од денеска, почнува Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“.

Сите претстави почнуваат во 21:00 часот, а влезот за граѓаните е бесплатен.

23.55/Летен Клуб Хавана

Havana Mondays | Marshall & Tito

Понеделник во Хавана!

Традиционално понеделнички најдобрата забава е во Хавана. “Marshall & Tito” имаат богат репертоар со македонски и рок хитови кои нема да ве остават рамнодушни.

Влез слободен.

Резервации:
070395313
078866520
078591500

Вторник 20.6.2017

20.00/ Стадион на АРМ

Thievery Corporation на Skopje Calling

Драги пријатели,
Големо задоволство ни е да Ве информираме дека приказната со концертната сезона 2017-та продолжува. Еден од највозбудливите и најквалитетни бендови од светската концертна индустрија, Thievery Corporation доаѓа во Скопје, како специјално отворање на фестивалот Skopje Calling 2017.

Концертот ќе биде на отворено и ќе се одржи на стадионот на АРМ.
Влезниците по цена од 990 денари ќе бидат пуштени во продажба од 15-ти мај, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн.
Thievery Corporation во Скопје доаѓаат во комплетен состав, со над 20 музичари на сцена.
Скопје може да очекува вистински спектакл!

20.00/Public Room

Welcome Summer

Се чека летото, се радуваме мислејќи на плажа, сонце, oдмор, шорцеви, фустани, шешири, светулки, штурци, а и помирно Скопје ~
По тој повод да им посакаме добредојде на овие убави денови кои следат, заедно со Tuborg!

Уживање со чаша ладно пиво, цел ден, на 50% попуст!

 20.00/МКЦ

Годишен концерт на Битрикс Културно Уметнички Центар

Битрикс Културно Уметнички Центар ве поканува на својот завршен концерт, кој е едно од најубавите случувања во годината за нив. Оние кои се уште не испланирале каде ќе одат овој вторник, бидете во 20:00h во Кино Фросина – МКЦ.

Цената на билетот е 150 ден.

Иноф за кој се ќе настапува погоре во линкот.

Среда 21.6.2017

 21.00/МНТ

Хуманитарна „Не се клади на Енглези”

Претставата „Нe се клади на Енглези” на 21 јуни во 21:00 хуманитарно ќе се одигра на големата сцена во МНТ, а собраните сретства ќе бидат донирани за лекување на малиот Гоце Марковски кој боледува од тумор на мозокот и 24 годишната Марина Јовановска со ретка болест на очите која доведува до слепило.

Биди хуман!

Повеќе информации за претставата
http://mnt.mk/pretstavi/ne-se-kladi-na-englezi

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ и преку online мрежата Купи карти за се, по цена од 300 ден.
https://www.kupikartizase.com/Events/ne_se_kladi_englezi_22_04.

 23.30/ Сектор 909

Сектор 909 за Скопје Зоо

На 21ви јуни Сектор 909 по две години пауза, повторно ќе ги отвори вратите за својата публика. Како што наложува традицијата, отворањето е со хуманитарна забава за Скопската зоолошка градина. Досега беше донирано коњчето Флекица, дресирано за помош и релаксација на аутистични деца, а веќе наредната година беше донирана и опрема за децата да можат комплетно да уживаат. Сектор 909 ветува дека ќе ја промени моменталната енергетска состоја и ве покануваат да уживате во квалитетот на звукот и светлото какви не се паметат во историјата на скопскиот ноќен живот.

Продилжува на наредната страна....

 

Четврток 22.6.2017

 20.30/Мала Станица

 Skopje Pride Weekend 2017 – Транс-Формации

*За да ја видите програмата на албански, видете подолу или овде:http://coalition.org.mk/wp-content/uploads/2017/06/albanski-programa-za-fejsbuk.pdf

Драги пријатели, повелете ѕирнете ја програмата за овогодишниот Skopje Pride Weekend 2017 – ТРАНС-ФОРМАЦИИ.

Целта на серијата настани во рамките на Викендот на гордоста е да креираат простор за ненормативни форми на социјални светови, односно релации, идентитетски позиции, и телесни стилови, кои во рамките на хетеронормативното, националистичко и неолиберално капиталистичко опкружување се означени како настрани, изопачени, изродени, ненормални, неуспешни, патолошки, чудни итн.
Носечка идеја зад овогодишниот Викенд на гордоста се ТРАНС-ФОРМАЦИИТЕ. Со оваа носечка идеја организаторите сакаат да ги отворат прашањата за различните општествени и културни норми со кои се врамува човековата телесност, особено преку оските на родот и на сексуалноста. Уште позначајно, сакаат да ги претстават и да експериментираат и со можностите за отпор и лизгање од нормативните решетки, токму преку самата телесност.

Подетална програма на линкот погоре.

21.00/ МКЦ

Види музика, слушни слика, добиј книга!

Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар ве канат на магично патување!

Во Градскиот парк во Скопје, под отворено небо, ќе ечи музиката на една од највлијателните музички групи на сите времиња – „Пинк Флојд“!

Јубилејниот, десетти спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга!!!“, ни ги носи вечните теми на музичката четворка и тоа со симфониски оркестар!

Диригирање и аранжман: Џијан Емин
Солист: Ади Имери – вокал и гитара

И годинава на подарок добивате добра книга – „За одењето по мраз“ од Вернер Херцог, а мелем за очи повторно ќе бидат ликовните перформанси, овојпат на уметниците Јулијана Гешовска и Илија Спасовски-Чендо.

Петок 23.6.2017

20.00/Стадион на АРМ

Martin Garrix на Skopje Calling 2017

Почитувани,
Со огромно задоволство сакаме да Ви најавиме дека најжешката глобална ѕвезда во моментов, Martin Garrix, за прв пат како no.1 world dj доаѓа во регионов и тоа како хедлајнер на фестивалот Skopje Calling 2017.

Сабота 24.6.2017

21.00/МОБ

Blagoj Nacoski in Mozart’s Requiem

Волфганг Амадеус Моцарт
Реквием

Ана Дурловски – сопран
Ирена Кавкалевска – мецосопран
Благој Нацоски – тенор
Владимир Саздовски – бас

Диригент: Иван Еминовиќ
Режисер: Дејан Прошев

Хорот и оркестарот на МОБ

Недела 25.6.2017

Спортски центар „Ново Лисиче“

21.00/ „Гола месечина“

На отворена сцена поставена во спортскиот центар „Ново Лисиче“ од денеска, почнува Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“.