Културен информатор: Театар, кино, концерти закажани настани во Скопје неделава!

Вторник 2.5.2017

Кинотека на Македонија

20.00/Програма мај 2017

2 мај (вторник) 20:00 ч.
3 мај (среда) 20:00 ч.
БИТЛСИ: ОСУМ ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА
(The Beatles: Eight Days A Week –
The Touring Years)
Документарен филм, Велика Британија, САД
2016 г., 105 мин., колор, ХД
Режија: Рон Хауард (Ron Howard)
Сценарио: Марк Монро, П. Г. Морган (Mark Monroe, P.G. Morgan)
Улоги: Пол Макартни, Ринго Стар, Џон Ленон, Џорџ Харисон (Paul McCartney, Ringo Starr, John Lennon, George Harrison)

4 мај (четврток) 20:00 ч.
5 мај (петок) 20:00 ч.
ЈАВАЧИ НА КОЊИ
(Horse riders)
Игран филм, Македонија
2017 г.,
Режија : Марјан Гавриловски (Marjan Gavrilovski)
Сценарио: Никола Кузелов (Nikola Kuzelov)
Улоги: Бобан Кулески, Никола Кузелов и Долорес Попович (Vladimir Jarevski, Boban Kuleski, Nikola Kuzelov)

7 мај (недела) 9:00 часот – 21:00 часот
ДЕН НА МЛАДАТА ПУБЛИКА

МКЦ

21.00/ Да го поздравиш и да ми го бациш

Режија:
Билјана Радиноска

Играат:
Ненад Митевски
Наташа Петровиќ
Бојан Кирковски
Симона Спировска

Резервации на: 023115 225 ( билетара на МКЦ), или на bileti@mkc.mk

Среда 3.5.2017

Драмски театар

20.00/ "Јов" во режија на Сашо Миленковски

Четврток 4.5.2017

Мала Станица

20.00/ Видеотрилогија „Анатомија на векот“

Најновиот проект на Гоце Наневски е видеотрилогијата насловена Анатомија на векот. Трите индивидуални видеа имаат концепциско-документаторски карактер. Аспектот на интервју е клучниот двигател во модулирањето на овие посебни тематски микронаративи. Изборот на вистинските говорници го надополнува сижето и му дава звучност и слоевитост на експликативниот контекст. Наневски во оваа трилогија е социјално-политички ангажиран.Неговиот јазик не е буквален и директен, не е априорна реакција и критика на актуелното секојдневие, туку преку малите суштествени наративи со многу генерална конотација укажува на мошне клучни деформации на општествената свест, кои ги дефинираат ликот и опачината на претставникот на едно трансформирачко општество без видлив расплет.

С26

20.00/Amy Winehouse Tribute by Amy’s House

Единствен на Балканот, признат во регионот, Велика Британија и Европа, “Amy`s House“ tribute бенд на големата Jazz/Soul пејачка Amy Winehouse, создаден во Белград крајот на 2015година. Бендот е составен од седумина врвни музичари, професионалци, кои позади себе имаат голем број сценски настапи, и студиски саати. Бендот е создаден од една и единствена идеја, да ја приближи и донесе музичката магија на една од најнаградуваните, и најпризнатите пејачки и автори на новата доба-Аmy Whinehouse, а дека се успешни во тоа се доказ бројните настапи и концерти во регионот и пошироко.

Цена на картата 250 мкд.

Продолжува на наредната страна.......

Петок 5.5.2017

Национална и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”

14.00/Career Launch 2.0 – саем за кариера

72 работни позиции, 23 компании и 7 говорници кои ќе те натераат да започнеш нова кариера.

CareerLaunch е саем за кариера во иновативни македонски tech и стартап компании. Тука е местото кадешто ќе го најдеш одговорот на прашањето „Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?”

Без разлика дали си студент, вработен или фриленсер, CareerLaunch 2.0 е можност за сите кои бараат прилика за започнување на кариера во тимови и компании кадешто постои интензивна средина за учење, и се негува креативноста и иновативноста.

Настанот е бесплатен за посетители. Аплицирањето е задолжително.

Детална програма горе во линкот.

Македонска филхармонија 

20.00/ББ

Диригент: Даниел Рајскин (Русија)
Солист: Оли Мустонен – пијано (Финска)
Програма:
G. Rossini: Увертира од операта „Вилијам Тел“
B. Bartok: Концерт за пијано и оркестар бр. 3 во E-dur, Sz 119
L. van Beethoven: Симфонија бр. 5 во c-moll оп. 67

Кинотека на Македонија 

20.00/Јавачи на коњи (премиерна проекција) 

Приказна кој го следи животот на едно хендикепирано момче и неговите пријатели.

Играат:
Бобан Кулески
Никола Кузелов
Долорес Поповиќ
Владимир Јаревски
Кристијан Стојановски

Режија:
Марјан Гавриловски

Сценарио:
Никола Кузелов

Директор на фотографија:
Даниел Калач

Монтажа:
Златко Стровјановски
Адриан Мани

Дизајн на звук:
Симон Кипровски

Музика:
Бобан Апостолов

Public Room

22.00/Friday

Петок. Поп. Рок. Фанк.
Mузичко уживање co репертоарот на Lady Blue, во состав:
Елени Мицковска – вокал, Горјан Стојменовски – гитара, Виктор Танасковски – бас гитара, Горан Панговски – тапани.

С26

23.30/Тамара Тодевска

Tamara Todevska / live
Влез: 250 денари

Сабота 6.5.2017

Скопски Маратон

08.00/Виз Ер Скопски маратон 2017

МК / 13-то издание на најмасовната спортска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, ќе се одржи на 7 мај 2017.
На програмата се 4-ри трки: маратон, полумаратон, штафетен маратон (4 х 10,5 км) и трка на 5км.
Оние што во 2016 година не си го искористија купонот за бесплатно учество (а биле пријавени учесници во 2015 во маратонската, полумаратонската трка или штафетниот маратон) може тоа да го направат за 2017 година. Како може да се искористи оваа бесплатна котизација ќе најдете на следниов линк
http://skopskimaraton.com.mk/kupon

 Детски креативен центар – МКЦ

10.00/Работилница за деца – Мириса на дожд

Мириса на дожд..
Направи го сам/а својот мантил за дожд.

Целта на оваа работилница е да ја преслика детската креативност и фантазија, нивната искрена експресија во дизајнот на мантилот за дожд.

Недела 7.5.2017

 МКЦ

20.30/Lord Finesse (USA)

Младински Културен Центар и Funky Fresh ви најавуваат:
Lord Finesse е еден од архитектите и основоположниците на њујоршката хип хоп сцена. Легендарен MC, дел од култните D.I.T.C. (Diggin’in the crates).
Заедно со Big L, Fat Joe, O.C., Show & A.G. и Buckwild, го дефинира њујоршкиот звук во 90тите – има 3 соло изданија како артист, 3 албуми со D.I.T.C. и безброј проекти во соработка со други артисти.
Како продуцент има работено на неколку од најкултните хип хоп изданија – Dr. Dre – 2001, Notorious B.I.G. – Ready to Die, Big L – Lifestylez of da poor and dangerous, O.C. – Jewelz, Terror Squad и многу други.
Меѓу другото, Lord Finesse е и њујоршка ДЈ легенда , одличен техничар и селектор, кој активно настапува со свои сетови во клубови и по фестивали низ целиот свет.

Влезниците по цена од 200ден. во претпродажба (300ден. на самиот настан).