Вторник 18.4.2017

 Public Room

21.30/Џем сешн: Јана Бурческа и Левина

Public Room и Македонската Радио Телевизија со огромна чест и задоволство Ви го најавуваат најголемиот градски џем сешн настан!

Овој вторник, а кој знае кога и каде повторно, ексклузивно во Public Room ќе ги видиме македонската евровизиска претставничка Јана Бурческа и претставничката за Евровизија на Германија, Левина.

Поканети се сите коишто сакаат да пеат, играат и да уживаат во уникатниот музички избор на Јана и Левина, придружувани Offbeatz.

Среда 19.4.2017

Метрополис Арена

20.00/Влатко Стефановски и Биг Бенд Оркестар на словенечката војск

Гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски и Биг Бендот Оркстар на словенечката војска со спектакуларен концерт во Скопје. Настан кој не смеете да го пропуштите!
Специјално за скопскиот концерт, Влатко со Биг Бендот подготвуваат репертоар составен од некои од неговите најпознати композиции, но и познати фанк, џез и соул стандарди.

Кино Карпош

21.00/ Враќање во иднината #4

Среда во Кино Карпош:
Враќање во иднината #4 со Bozhidar Jovanovich – БОЛЕ

Секоја среда во Кино Карпош: Враќање во иднината!
#WinMusicFreedom #StayYou
25 DJ-и кои ќе се менуваат зад DJ пултот секоја среда и ќе Ви ги донесат музиките кои ги обележаа 80-тите и 90-тите години во ноќниот живот во Скопје.

Четврток 20.4.2017

МНТ

20.00/РЕМ – „Низа од соништа” (“REM – A Dream Sequence”)

Танц фест 2017 – Биди свој!!!
Не пропуштајте!
Погледнете ја новата продукција на 9 Contemporary Dance Company од Пекинг, Кина во кореографија на Рисима Рисимкин, низ изтражувачки процес, претставени се соновите на секој од танчерите, на еден досега не виден начин!!
Прашањето останува … но во реалноста е само сон, зарем не?

Продолжува на наредната страна.........