Културен информатор: Што има во Скопје неделава?

Понеделник 17.7.2017

Скопје/Мичурин

18.30/Мрдаме со прст и чистиме во маало!

Драги мрдачи со прст,
Имате отворена покана за низ забава и музика, да ги засукате ракавите и да ги разубавите скопските маала!
Приклучете се на 17.07 (понеделник) од 18.30 часот, под мостот на железничката станица во близина на ул. Венјамин Мачуковски (https://goo.gl/8Pnrqs), заеднички да ја исчистите и разубавите оваа област – понесете си ентузијазам.
Тони Зен, DJ Goce SAF, хип хоп групата Beatrix Crew, Марко Новески и графити артисти ќе бидат тука за да покажат дека и чистењето може да биде забавно и весело.

Летен Клуб Хавана

23.55/Havana Mondays | Bionda Live Performance

Понеделник во Хавана

“Bionda band” настапуваат со нивниот богат репертоар исполнет со безвременски македонски и странски рок хитови.

Бидете дел од летната приказна на Хавана и уживајте во музиката со ладна пијачка.

Пијачки 50% попуст

Влез: Слободен

Вторник 18.7.2017

Летен клуб Хавана

23.59/Шизи во вторник со SureShotz

Ново шизење не очекува овој вторник во летниот клуб Хавана. Овој пат, покрај стандардните dj Shorty P и dj Irie Scratch, има и гостин, и тоа еден од пионерите на реге музиката во Македонија – Reggaesaurus Geto Rudi со свој reggae и dancehall сет. Како и секогаш, влезот е слободен, а пијачките на 50%.

Среда 19.7.2017

Public Room

19.00/Професионален Фенг Шуи консалтинг

Што е потребно за Фенг Шуи консалтинг? Kако до нацрт план на вашиот животен простор? Со која цел се применува Фенг Шуи консалтинг и проектно уредување? Кој е бенефитот од примена на Фенг Шуи принципите во вашата сегашна животна состојба?

Во фаза на уредување и реновирање на станбен и деловен простор добијте совет за насоки на планирање проектни решенија согласно Фенг Шуи принципите за здравје, благосостојба и успех.

Настанот го води aрхитект и Фенг Шуи консултант Моника Конеска.

Билети: 500 денари

Пријавување и резервација на билет на contact@publicroom.org

Четврток 20.7.2017

Скопски летен ритам

20.30/Плоштад Мајка Тереза

Дуо Бојкоски концерт класична гитара.

Петок 21.7.2017

Скопски летен ритам

20.30/Плоштад ВМРО

„Понуда за брак“ театарска претстава.

Сабота 22.7.2017

Скопски летен ритам

20.20/Плоштад Филип Втори

Монистра коцерт на етно состав.

Public Room

22.00/Saturday

И оваа сабота на терасата на Public Room уживање во летните скопски денови, омиленото друштво, коктелите за 100че и селекцијата на џез мелодии на Гордан Спасовски, Кирил Туфекчиевски и Виктор Филиповски за овој викенд.

Недела 23.7.2017

Скопски летен ритам

20.30/Плоштад Богородица

Трио „Ишарет“ инструментално трио.

Public Room

22.00/BBQ Party #8

Дали сте за петочно, опуштено дружење на тераса?

Ако до сега не сте биле на ове веќе традиционални bbq- дружења се што треба да знаете е дека потребно е да си донесете што поголемо друштво и месо по ваш избор.

Шефовите на Public Room ќе ви го зачинат и подготват месото на грил со многу љубов, и секако бесплатно!