Културата на дланка со Еуролинк Осигурување

Традиционално шеста година по ред Еуролинк Осигурување ја организира добропознатата туристичка прошетка омилена кај граѓаните, насловена како „Мапа на културата“, чија цел е афирмирање и негување на македонската култура и уметност. Во изминативе години ги слушнавме тајните преданија и ги запознавме убавините на културнитеи археолошките локалитети во нашата земја: Стоби, Хераклеја, Битола, Бигорскиот манастир, Лесновскиот манастир, Галичник, Вевчани.

Овој пат целта на туристичката прошетка е највисокиот град на Балканот лоциран на 1250 метри надморска височина познат по автентичната македонска архитектура, по Илинденското востание, по Крушевската Република, преубавото Крушево.  Целодневната прошетка претставува уникатна можност учесниците да се запознаат со убавините и да ги слушнат преданијата за ова историско место.

Сите заинтересирани граѓани може да се пријават од денес до 17.9.2019г на следната електронска адреса:mapanakulturata@eurolink.com.mk, со испраќање генералии: име и презиме, возраст, контакт-телефон. Селекцијата на избраните учесници ја врши Еуролинк Осигурување.

Еуролинк Осигурување ги покрива сите трошоци за организација на настанот.

Еднодневната екскурзија ќе се одржи на 21.9.2019г со поаѓање во 08:00 часот, на паркингот кај Дрво декор.

Активноста е дел од платформата за Корпоративна општествена одговорност, „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.