„Куку Леле“ со голем концерт и незаборавна журка во Скопје

Дуото „Куку леле“ најавува голем концерт и незаборавна журка во сабота (11-ти јуни) во летниот клуб „Централ парк“ во Скопје.

Хитовите со кои многу генерации пораснаа, меѓу кои и „Постела рози“, „Кучка неверна“, „Се е против нас“, „Ти немаш појма“, „Блесава си или не“, но и новите „Нема да тагувам“, „Цимери“ и  „Р'мбам ко црнец“ во еден глас публиката заедно со Роберт Саздов и Панки од популарното дуо „Куку леле“ ќе ги пее во сабота на 11-јуни за кога е закажан големиот солистички концерт.

Организаторот најавува 14 член придружен бенд на ексклузивна сцена за најдобрата журка која дефинитивно ќе го одбележи стартот на летната сезона со публика над 3.000 луѓе во главниот град на Македонија.

Билетите концертот на „Куку леле“ во Централ парк се веќе пуштени во предпродажба по цена од 200 денари, додека истите ќе можат да се набават и на врата по цена од 300 денари.