Кучиња скитници предизвикаа 2 сообраќајни незгоди на автопатот Тетово - Скопје

На автопатот Тетово-Скопје вчера во 20.00 и во 20.45 часот се случиле две сообраќајни незгоди предизвикани од кучиња-скитници.

Кучињата скитници неконтролирано се движеле по коловозот и биле усмртени од патничко возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.Н. (32) од село Ларце и патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал Т.А. (37) од Студеничани.

Во незгодите нема повредени лица во возилата.