Кучиња скитници напаѓаат по Скопје: Три лица каснати

Н.Р. (21) од Скопје вчера во 10,45 часот, во Полициската станица Центар пријавила дека на 19.02.2018 година околу 16,20 часот во Градскиот трговски центар била нападната од куче скитник.

Кучето скитник ја каснало на десната рака.

Вчера во 15,40 часот, Љ.Р. (59) од Скопје во Полициската станица Центар, исто така, пријавил дека истиот ден околу 10,30 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ бил нападнат од повеќе кучиња скитници. Едно од нив го каснало на десната нога.

Во текот на вчерашниот ден во 18,20 часот, С.С. (36) од Скопје во Полициската станица Центар пријавила дека истиот ден околу 14,00 часот, во дворот на средното училиште „Илија Николовски Луј“ нејзината 15-годишна ќерка била нападната и касната од куче скитиник за левата рака.