Кучиња ги запоседнаа автомобилите на скопјани

Кучињата скитници подолго време  стануваат еден од доминантните проблеми на локалните власти. Иако тие имаат подеднакво право на живот во околината сепак во многу ситуации предизвикуваат голем проблем што често резултира со нападнати, изгризани, полесно или потешко повредени граѓани.

До нашата редакција пристигнаа поплаки од жители на неколку скопски населби каде што со фотографии е потвдрено дека кучиња скитници ги запоседнале нивните автомобили па не можат да се доближат а не пак да влезат во нив.

Случаите се пријавени кај надлежните и се очекува наскоро тие да реагираат.