Куба пронајде вакцина против рак- истата пристигна и во Македонија

Кубанската вакцина CimaVax која го лекува ракот на белите дробови се повеќе станува актуелна во светот, особено по нејзината употреба кај бројни пациенти каде покажала одлични резултати.

Во мал број на случаи задоцнета била употребата или пак се појавиле одредени нуспојави. Според статистиката вакцината е испробана кај 9.000 лица, а над 100.000 биле излекувани без да примаат хемотерапија, зрачење или хируршка интервенција.

Бројни земји како што се Колумбија, Парагвај, Перу, Мексико, Бразил, Индија, Бразил, Кина...а во земјиве од регионов Србија и Босна и Херцеговина веќе успешно ги лекуваат дел од своите пациенти со таканаречената кубанска вакцина.

Оваа вакцината во Куба се подготвувала околу 20 години, а се препорачува за болни од рак на белите дробови во трети и четврти стадиум за кои не постои друга терапија за лекување.

Докторот од Куба,Педро Камило Родригес кој ја создал вакцината тврди дека го забавува ширењето на малигните клетки и го продолжува животот на болните и до 5 години.

Според него кај пациентите кои ја поминаа првата фаза на имунизација белеста преминала во хронична состојба како што е грипот.

- Ефектите се видливи кај пациентите кои примиле најмалку 4 вакцини. После најмалку година дена следење на тие пациенти се гледа напредок, а болеста преминала во хронична- изјавил за светските медиуми Родригес, создавач на кубанската вакцина.

И македонските пациенти чекаат да бидат лекувани со оваа вакцина. Стотина вакви вакцини од лани се обезбедени и во Македонија, но како што велат доброупатените медицински лица се чека да станат дел од научна клиничка студија, оти само така безбедноста на пациентите ќе биде под контрола.

Лекарите укажуваат дека постојат точно одредени протоколи по кои мораат да се приддржуваат, односно протоколи кои даваат насоки за тоа кој пациент има оправданост за примена на оваа вакцина.

Според нив оправданост за примање на вакцината се пациенти кои се новодијагностицирани во трети или четврти стадиум на болеста, каде што немааат алтернативна за друга терапија и кои претходно не примале хемотерапија.

Останува да се надеваме дека поголем број македонски пациенти ќе добијат шанса за подолг живот.

Потврда за претпазливост на македонските специјалисти е и претпазливоста на стручните медицински лица од десетина европски држави меѓу кои и Велика Британија. Во овие земји се почнати клинички студии, но икако првичните согледувања во овие земји покажуваат дека вакцината дава добри резултати, сеуште траат клиничките испитувања и поради тоа не е регистрирана никаде во Европа.

Во земјите како Србија и БиХ од лани веќе е обезбедена кубанската вакцина, а лекувањето на нивните пациенти е доброволно. Пациентите пред да ја добијат треба да потпишат писмена изјава дека прифакаат да се лекуваат со неа. Наменета е само за болни од рак на белите дробови во потешка фаза од болеста.

Лекарите објаснуваат дека болеста се јавува кога една група клетки во телото почнуваат да се размножуваат "автономно" и ги уништуваат другите ткива. Досега се откриени над 200 видови на оваа подмолао болест, како најчести видови се на кожата, на белите дробови, на дојката и дебелото црево. Зошто одеднаш некоја група клетки едноставно "полудуваат"?

Одговори многу, а меѓу нив за појавата на ракот се три главни фактори; генетската меѓузависноста, начинот на живот, лошата храна со ГМО, конзерванси, вештачки состојки, недостаток на спорт и како трет фактор и многу важен е емотивно-ментална состојба - стресот. Во вакви услови телото реагира на физиолошко ниво и престанува да произведува многу потребните за здравствената функционирање хормони ...

Од ноември 2016 година по посетата на Барак Обама во Куба, вакцината веќе се тестира и во американските лаборатории, и можеби тоа ќе биде прв производ, кој ќе го прекрши ембаргото што е воведено во САД во однос на Куба пред повеќе од 50 години.

Во Куба за кубанците лекувањето е бесплатно. За странците лекувањето се реализира во државната болница Ла Прадера во Хавана. Целокупното лекување трае околу 8 месеци и чини се заедно со престој и лекување, околу 10.000 американски долари. За оние кои ги немаат овие средства и можности, важно е барем да отидат до Куба, за да им се дадат првите неколку дози од вакцината, и да им се дадат индивидуални инструкции за лекување.

Првите две инјекции се ставаат во раката, а потоа - уште две во ногата. Следниот прием е шема и може да се изврши дома во текот на неколку месеци. Цената на таква вакцина CimaVax  во Куба е околу 100 долари.