Крводарителска акција во МВР

Вчера и денеска во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи се спроведува крводарителска акција согласно календарот за дарување крв на Црвениот Крст на Република Македонија.

На овие акции за дарување на крв во организација на Црвениот крст и Центарот за обука, како што велат од МВР, низ годините наназад постои голем интерес за дарување крв, па така и годинава пријавени се 332 кандидати од Основна обука за полицаец 2018/19 година.