Крводарителска акција по повод Голема Богородица

Општинската организација на Црвен крст Центар во соработка со Институтот за трасфузиона медицина по 14-ти пат ќе ја реализира традиционалната крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица.

Акцијата ќе се одржи од 9 до 17 часот во Домот на АРМ во Скопје. Организаторите очекуваат да се надмине бројката од 242 крвни единици кои биле реализиран на акцијата организирана минатата година.