Крводарителска акција по повод Денот на Царината

Крводарителска акција под мотото „Вашата крв спасува живот – придружете ни се“ ќе се одржи денеска во рамки на одбележувањето на Денот на Царинската управа – 14 април.

Во акцијата ќе учествуваат царински службеници од цела држава, а ќе почне 9 часот во просториите на Царинската управа.

Царинската управа годинава обележува 27 година самостојна и независна даринска управа на Република Македонија.