Крвнички претепана активистката Моника Конопова

На својот Фејсбук профил познатата активистка за легализација на марихуаната Моника Конопова објави шокантни фотографии со повреди и крв на лицето. Моника напиша дека била нападната од татко и.

“Пред два часа татко ми Стојан Ристески од село Свето Митрани неписмен бездушник и хроничен алкохоличар на ул Антон Чехов 41б во геге, се обиде да ме убие кога тргнав во кујна да земам храна. Ме нападна со тупаници и дрвено столче во глава, ми го скрши носот и ми ја измести вилицата #семејнонасилство“ – напиша Моника која ќе мора да оди на операција на носот и местење на вилицата.

Подоцна таа информираше дека нејзиниот татко ќе биде задржан 24 часа во полициска станица откако претходно ја  нападнал со тупаници и дрвено столче, додека се упатувала кон кујната да земе храна.