Крвава велигденска ноќ: Tепачка пред кафуле во Центар

Kрвава тепачка се случила во Центар во раните утрински часови. Околу 03,45 часот утрово, З.К. во ЕИК-Скопје пријавил дека во Скопје на бул.„Св.Климент Охридски“ пред угостителски објект настанала тепачка помеѓу неколку лица.

Во тепачката нападнат бил В.М., при што бил удрен со шише во пределот на лицето.

Тој е пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.