Крвава тепачка во Стајковци

Околу 01.00 часот после полноќ во Полициската станица Гази Баба, Д.С. (49) од с.Стајковци, пријавил дека околу 20 часот на ул. „1“ во с.Стајковци, додека излегувал од дворот со неговото патничко возило „Голф“  со скопски регистарски ознаки, од задната стана го удрило патничко возило „Мазда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице.

Двајцата почнале да се договараат како да ја решат незгодата. По некое време, лицето имало телефонски разговор, а набргу потоа пристигнало патничко возило „Џип“ со скопски регистарски ознаки.

Од возилото излегле две непознати лица и физички го нападнале Д.С., удирајќи го во пределот на главата. Д.С. паднал, се удрил во тротоарот, паднал во безсознание. Подоцна со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“  каде му биле констатирани телесни повреди и по укажаната  помош бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.