Крвава тепачка во позната скопска кафеана

Три лица со бејзбол палки физички ги нападнале сопственикот Н.З. и повеќе гости кои седеле во угостителски објект во Скопско поле, синоќа во 21.30.

Напаѓачите ги удирале жртвите во пределот на главите и телата, при што со повреди се здобиле лицата Ш.М. (33), Н.Б. (38), К.М. (23), сите од село Трубарево, Р.В. (34) од Кавадарци и А.Ј. (29) од Скопје.

Никој од повредените досега не побарал лекарска помош. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случајот.