Крвава драма во близина на скопски хотел: Син пукал во мајка си

Во текот на вчерашниот ден во 15 часот и 13 минути се овивала драма на паркингот зад хотелот "Стоун Бриџ" во Скопје. Полицијата информира дека Г.М. од Скопје пријавил дека на земјениот паркинг зад хотелот неговиот внук И.М кој има 20 години, со пиштол  пукал и ја погодил неговата мајка М.М. во пределот на стомакот.

Г.М. ја однел повредената која инаку му е сестра, во болницата Св.Наум Охридски, каде и е констатирана расекотина на десниот дел од стомакот.

Извршен е увид на местото на настанот, на возилото забележани се оштетувања, а пронајдени се и подигнати четири чаури од огнено оружје за вештачење.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.