Кривични пријави за две момчиња кои тепале и ограбиле човек во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје ќе поднесе кривична пријава против лицата Б.Р.(18), А.Б.(18) и уште две 17 годишни лица сите од Скопје, поради постоење основано сомнение дека извршиле едно кривично дело – “разбојништво“ предвидено и казниво согласно член 237 од Кривичниот законик на РМ. Притоа осомничените се стекнале со противправна имотна корист од околу 6.000 денари.

Осомничените кривичното дело го извршиле на 24.10.2017 година околу 13,00 часот на улица “Анастас Митрев” во Скопје, и притоа, откако се приближиле до оштетениот и го прашале од каде е и каде оди тие без повод и причина почнале да го влечат, да го удираат со раце и нозе по главата и телото. Му ја соблекле јакната и од џебовите на јакната му го одзеле телефонот и паричникот во кој имало слободна карта за ЈСП и две риболовни легитимации по што се одалечиле во непознат правец.

Од ударите оштетениот се здобил со видливи повреди и отоци на лицето и грбот.