Кривична пријава за скинат оптички кабел

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Т.(39) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“.

На 24.08.2019, во близина на наплатна рампа Гостивар -Тетово, по претходно ангажирање од страна на ЈП „Државни патишта“, пријавениот, додека управувал багер скинал оптички кабел, при што дошло до прекин на телекомуникацискиот и информатичкиот сообраќај.