Криминалот цвета, а надлежните немоќни: Ниту синџири не ги спасуваат велосипедите од кражба

Масовни кражби на велосипеди низ главниот град. Криминалот цвета а надлежните барем засега не даваат некој резултат во пронаоѓање на крадците.

На социјалните мрежи граѓаните постојано објавуваат за украдени велосипеди.

Се краде од подруми, дворови, заклучени простории, ходници па и без срам од центарот на градот.

Во главниот град неодамна никна и гигантски велосипед како потсетник за полицијата да биде поажурна.

Крадците најчесто не се пребирливи за марката на точакот, односно дали тој вреди илјадници евра или пак многу помалку.

Многу од граѓаните коментираат дека голем дел од велосипедите што се наоѓаат на познатиот Канта пазар се крадени, потоа префарбани и се продаваат, па ни самиот сопственик на точакот може да се случи да не си го препознае својот.