СОСТОЈКИ:

200 гр ориз

1 кг шунка

1 тегла кисели краставици

1 лажица сенф

2-3 лажици мајонез

3-4 павлаки

зачини

ПОДГОТОВКА:

Ставете го оризот да се вари во тенџере на оган со многу вода и лажичка вегета.Откако ќе се свари, исцедете го оризот, исплакнете го со млаз ладна вода, па повторно исцедете го и ставете го во длабок сад настрана, а во меѓувреме кселите крставички ситно исечкајте ги и ставете ги врз цедалка да се исцедат околу половина час.

Шунката изрендајте ја или ситно исечкајте ја.

Оризот измешајте го со киселите краставички, шунката, па додајте лажичка сенф, 3-4 мали павлаки и околу 2-3 лажици мајонез.

Добро измешајте ги сите состојки, ставете во ладилник кратко, па послужете.

Може да декорирате со маслинки.