Кредити за храна и за сметки - скопјани се задолжуваат за да вратат долгови

Граѓаните најмногу преферираат потрошувачки односно ненаменски кредити. Во споредба со сите други банкарски продукти нивната побарувачка најмногу пораснала минатата година.

Заемите тие неретко ги користат за да покријат долговите за режиски трошоци, за реновирање, бела техника, мебел и слично, Но, некои се соочуваат и со проблеми при враќањето на ратите.

Во неможност да се покријат месечните рати, се прави префрлање на пари од една на друга банкарска сметка и на крај кога ќе се испразнат сите картички, ќе дојдете до нула.

-Да не се кредитите и банките, ниту децата ќе ги школував, ниту пак ќе истуркавме цел месец. Моите деца завршија факултет пред 3 години, но јас се уште сум во долгови, раскажува еден скопјанец. 

-Имаме станбен кредит на 10 години. Тешко е многу, но мораме да издржиме, додава скопјанка.