Креативна работилница за различностите и ретките болести

Националната алијанса за ретки болести денеска организира креативна работилница за деца, со цел да  запознае со различностите и ретките болести.

Таа е дел од проектот „Системски решенија за пациентите со ретки болести“, во рамки на кампањата за годинашното одбележување на Денот на ретки болести.

Проектот е финасиски поддржан од програмата „Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на граѓански организации“, имплементирана од Македонското здружение на млади правници, Данскиот совет за бегалци, Фондацијата за развој на локалната заедница Штип и Коалицијата сите за правично судење, финансирана од Европска Унија.

За време на работилницата ќе бидат боени лицата на децата како дел од кампањата за поддршка на лицата со ретки болести: „Покажи ја својата реткост, покажи дека се грижиш“.