Крцкави солени стапчиња - брзо се прават, уште побрзо се јадат

Одлични се со пиво, за грицкање, од надвор крцкави, а од внатре меки. 

СОСТОЈКИ:

300-400 гр брашно

1/2 прашок за печиво

100 гр маргарин

100 гр кисела павлака

50 мл јогурт

сол

2 јајца

семки

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Марагаринот, павлаката и јајцата разматете ги со миксер, додајте јогурт, брашно, прашок за печиво и малку сол. Сè убаво измесете со раце да добиете глатко, меко тесто. 

Развлечете со сукало на половина сантиметар и пресечете на стапчиња. Премачкајте со жолчка, посипете со семки. Печете на 200 степени околу 15 минути.