Кражба во стан во Скопје

Непознат сторител од стан во Скопје украл поголема количина златен и сребрен накит вредни околу 400.000 денари. При извршувањето на кражбата тој причинил и материјална штета од околу 3.000 денари.

Случајот во полиција го пријавил Р.В. (63) од Скопје, сопственик на станот кој се наоѓа на улица „Пекљане“. Тој ја информирал полицијата дека кражбата се случила вчера во периодот од 16 до 21.30 часот.

- Сторителот со употреба на сила и погоден предмет ја отворил вратата на балконот, влегол внатре и одзел поголема количина златен и сребрен накит, по што побегнал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 400.000 денари, а причинил и материјална штета од околу 3.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот - информираат од МВР.