Краток водич за женските пријателства

За мажите, женските пријателства се вистинска мистерија. Но, она што мажите треба да го знаат дека има различни типови женски пријателства и многу различни пријателки.  А овие пријателки се неразделив дел од нашите животи. Ова се пријателките кои секоја жена некогаш ги имала во животот.

1. Има пријателки кои се неразбирливи за вашиот партнер.
2. Има пријателки кои понекогаш ве фрлаат во недоумица во однос на тоа дали сакаат да бидат ваши пријателки или не.
3. Има пријателки кои едноставно ве разбираат.
4. Има пријателки со правила. Премногу правила.
5. Има пријателки кои се со вас кога ви е добро, а исчезнуваат кога ви е лошо.
6. Има пријателки кои ве шокираат со својата дарежливост и добрина.
7. Има пријателки кои исчезнуваат од причини сосема неразбирливи за вас.
8. Има пријателки за кои знаете дека треба да ги откачите, но премногу сте мрзливи/зафатени за да го направите тоа.
9. Има пријателки кои толку многу ви се воодушевуваат, што сакаат да бидат како вас. Тоа на почеток е забавно, но по некое време ви доаѓа да врескате.
10. Има пријателки кои ве откачиле пред неколку години од причини кои се обвиени во мистерија, но околностите довеле до тоа повторно одвреме-навреме да бидете во истите друштво и да мора да се преправате колку се почитувате.
11. Има пријателки кои ги обожавате поради нивната досетливост. Таа е прекрасна, досетлива, но додека се смеете не сфаќате дека таа ви забодела нож во грбот.
12. Има пријателки кои не можете да ги објасните на  други пријателки.
13. Има пријателки кои ги запознавате едни со други. Потоа тие почнуваат да се дружат, а вас комплетно ве забораваат.
14. Има пријателки кои мислат дека ве познаваат, но во суштина тие немаат поим.
15. Има пријателки кои ги озборувате со својот сопруг или дечко, но потајно ги обожавате.
16. Има пријателки кои ви ја кажуваат вистината за вас со толку многу љубов, што воошто и не ве боли... толку.
17. Има пријателки кои ве потсетуваат на вашите добри карактеристики, кои се првите работи кои ги забораваме.
18. Има пријателки на кои знаете дека можете да им ги доверите вашите длабоки и мрачни тајни.
19. Има пријателки за кои знаете дека се луди, но не ви пречи. Секако ги сакате, затоа што и вие си имате свои луди моменти.
20. Има пријателки кои ги сакате и обожавате, но навивате да не добијат Нобелова награда.
21. Има пријателки кои постојано се предомислува за тоа што сака од нејзиниот живот. Но, досега сте навикнати на тоа, а и секако немате влијание на тоа.
22. Има пријателки со квалитети кои сакате да ги имате, но знаете дека никогаш нема да ги имате.
23. Има пријателки на кои први им се јавувате кога светот ви се распаѓа.
24. Има пријателки за кои предоцна сфаќате дека сте требале да останете во контакт со нив.
25. Има пријателки за кои посакувавте да им бидете подобри пријателки.
26. Има пријателки кои всушност на дело покажуваат што значи вистинско пријателство. 

new nike air max 2019