Краток љубовен хороскоп за втората половина на јуни

Јуни е месец на летото, честите излегувања и убавото време. Прочитајте што ни носи на полето на љубовта.

Овен

Овие 2 недели ќе имате безгрижност, но и отвореност кон сите. Така и ќе ги надминувате сите недоразбирања во личните односи. Пријателите ќе ви помагаат многу на ова поле, а ако сте слободни, ќе ви овозможат да запознаете и нова љубов.

Бик

Влегувате во мирна фаза на ова поле. Среќни сте. Некои што не се во врска ќе најдат љубов на спортските терени, а други пак на работното место. Уживајте.

Близнаци

Веројатно со добрите пријатели ќе ги споделите грижите на љубовниот живот и така ќе си ги олесните работите. Некои тајни би можеле да испливаат на површина, тоа ќе разјасни што ве мачеше до неодамна. Прифатете ја реалноста.

Рак

Вашиот партнер ќе се чувствува добро, но вам нешто ќе ви недостасува. Размислете што е тоа. Сепак, овие денови ќе сфатите што е тоа што ве мачеше и блокираше досега во личните односи.

Лав

Се подобро ќе се разбирате со саканата личност, а особено во новите начини на забава. Многу од вас ќе сфатат дека се вистински среќници кога станува збор за љубовта. Чувајте го тоа, љубовта треба да се негува.

Девица

Можна е љубов на работното место. Други Девици пак ќе се изолираат, нешто постојано ќе им недостасува. Потрудете се да бидете од оние првите.

Вага

Овој период ќе ве води интуицијата во љубовните односи. Со нејзина помош, многу работи ќе ви бидат полесни. Ако чувствувате и дека ви недостасува страст во односите, препуштете му се на партнерот.

Шкорпија

Не влегувајте во кавги, а особено не поради ситници. Вашиот однос ќе се подобри со тек на време. Треба да се причекате. Партнерот ќе размислува за реалноста, а вие ќе бидете задоволни.

Стрелец

Ќе бидете задоволни во личните односи. Ќе се трудите да се дружите само со оние кои ви се многу важни, а тие ќе ви помогнат да запознаете нова личност која брзо ќе ја засакате. Ако сте во врска, овој период ќе дојде до израз вашата хедонистичка природа. Имате се што посакувате.

Јарец

Ќе продолжите да ги нижете љубовните успеси. Оние кои се во врска ќе блескаат, а оние кои не се се полни со надеж. Вашата способност за комуникација и хуморот ќе бидат на завидно ниво, па така ќе успеете и често да се шегувате на своја сметка.

Водолија

Без оглед на внатрешниот немир, овие денови ќе блескате. Среќни сте, а оние кои ја бараат својата сродна душа ќе најдат начин да ја запознаат.

Риби

Ветувањата кои сте ги дале или ви се дадени ќе бидат одржани, а вие ќе бидете спокојни, исполнети и задоволни. Некои ќе почнат врска со странство, но работите ќе се одвиваат многу полека.