Краток филм кој совршено покажува како општеството ја убива креативноста на децата

Постои огромна разлика меѓу една возрасна личност и детето кое таа некогаш била.

Тоа  е така бидејќи постојано на децата им велиме да седат мирни, да прават се како што им е кажано и дека  многу ретко можат да успеат ако се занимаваат со креативност.

Краткиот филм со наслов Alike  е одлично 7-минутно видео за Copi и неговиот син  Paste. Copi го учи својот син да живее и постојано му објаснува и посочува што е прифатливо однесување во општеството се додека неговиот креативен и љубопитен син не почне да го прифаќа сето тоа.

Но, не го критикувајте Copi. Тој е само татко кој сака неговото дете да е успешно и прифатено во општеството.

Одвојте само 7 минути од вашето време за да ја погледнете реалната анимирана приказна како ја уништуваме креативноста кај децата.

Краток филм кој совршено покажува како општеството ја убива креативноста на децата