Кратка и поучна приказна: Какви денови постојат?

Внуката ја прашала својата баба:

„Какви денови постојат во животот?“

Бабата и одговорила:

„Ако зборуваме искрено, тогаш постојат само три денови во животот, а тоа се:

  • Добри денови
  • Прекрасни денови
  • Фантастични денови.“

Внуката ја погледнала и ја прашала:

„А од кого зависи каков ќе биде денот?“

Бабата се замислила, молчела неколку минути и со нежна насмевка рекла:

„Драга моја, каков ќе биде твојот ден зависи само од тебе и од никој друг.“