Крадци на дрва избегале од полиција, возилото завршило во провалија

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 21,20 часот на ул.“1523“ полициски службеници од СВР Скопје, вршејќи редовна служба, се обиделе да запрат патничко моторно возило „Даеву Нексија“ без регистарски таблички, во кое имало две лица, а возилото било натоварено со огревно дрво.

Возачот на дадениот знак не застанал и со голема брзина се упатил по бул.„Борис Трајковски“, а потоа кон с.Батинци и с.Елово. Полициските службеници се упатиле по возилото и го пресретнале во атар на место викано „Црвена“. Од возилото излегле двете лица и истото го турнале во провалија, по што го напуштиле местото на настанот.

Полицијата работи на расчитување на случајот.