Костовски најави капитален проект за младите брачни парови од Бутел, тие со многу малку средства ќе може да дојдат до сопствен дом

Кандидатот за градоначалник на Општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски продолжува со промовирање на своите проекти и мерки кои ќе значат подобар живот за бутелчани.

Тој кажа дека на Бутел му треба сигурна и стабилна иднина, дека млад човек да има својот дом е гаранција за сигурна иднина на неговото семејство, а дека токму општината ќе обезбеди на сите оние што им е најпотребно да обезбедат свој дом, преку проектот „Стекнување на сопствен дом“.

-Акцентот се става на младите брачни парови, кои немаат доволно средства за свој сопствен дом. Со овој проект ќе им се овозможи со многу малку средства да дојдат до свој сопствен дом. Првата фаза ќе биде општината да обезбеди земјиште за изградба на куќи, земјиштето ќе биде поделено на парцели, парцелите ќе се даваат на јавна аукција по цена од едно евро за еден метар квадратен. Со тоа ако млад брачен пар одлучи да купи земјиште од 400 метри квадратни ќе треба да плати само 400 евра, со тоа брачниот пар заштедува од 30 до 50 илјади евра. Имено, во нормално услови ако парцелата би чинела од 8 до 16 илјади евра, со овој проект имаме од 300 до 400 евра, изјави Костовски.

Тој кажа дека дополни дека младите ќе бидат ослободени од плаќање на комуналии, зависно од нивните примања, тој напомена дека со овој проект младите генерално ќе заштедат до 30 илјади евра.

-Она што е многу важно во однос на комуналиите, семејствата со приходи во висина на една просечна плата ќе добијат и до 100 проценти ослободување од комуналиите, за оваа категорија земјиштето ќе биде дадено бесплатно. Семејствата со примања до две просечни плати ќе имаат 75 проценти ослободување од комуналии, семејствата кои што имаат приход до три просечни плати ќе имаат 50 проценти ослободување од комуналии, семејствата кои имаат од три до пет просечни плати ќе имаат ослободување до 25 проценти од комуналии. Општината од свои средства ќе мора да обезбедни патна и комунална инфраструктура на граѓаните на овие локации, изјави Костовски.

Костовски напомена дека втората фаза од овој проект на надгрдаба на постојните куќи и како што кажа ќе има ослободување од комуналии и доколку семејството сака да прави доградба.

-Почитувани граѓани на Општина Бутел, имате сигурен избор пред вас, изберете сигурна и стабилна иднина за вас и вашите деца. Излезете на 15-ти октомври и заокружете го бројот 13, за просперитетна и сигурна Општина Бутел, порача Костовски.