Костените и даваат шарм на зимата и здравје на телото

„На улиците се шири мирисот од печени костени“, а тоа е одлична шанса вие почесто да ги консумирате…

Зимата е годишно време на кое костенот и дава шарм, па што е тоа што може да ве згрее подобро во ладните ноќи од топол чај и печен костен.

Костенот расте на дрво кое може да доживее и 500 години, а до костеност е многу лесно да се дојде, само треба да се научи раликата помеѓу дивиот и питомиот костен, бидејќи само питомиот се консумира.

Иако спаѓа во јаткастите плодови, костенот има неколку карактеристики кои го извојуваат од комплетниот род и според кои е специфичен.

Всушност, ниту еден друг вид од јаткастите плодови во својот состав не го содржи витаминот Ц, а покрај него тука се и витамините А, Б и Ц, и минералите калиум, фосфор, калциум, магнезиум, железо, бакар, манган…

Можеби најдоброто од се е тоа што витамините може да се сочуваат при термичката преработка, благодарение на дебелата кора.

Костенот е силен енергетски извор, има анти-инфламаторни дејства, а докажан е и како помошник при бубрежните и дигестивните проблеми, го штити кардиоваскуларниот систем и го намалува нивото на холестерол.