Костадин го прогласи Пендаровски за Претседател

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, прогласи победа на нивниот кандидат Стево Пендаровски. Тој рече дека граѓаните го искористиме правото на избор, а институциите јасно кажале дека изборниот процес бил регуларен.

„Првичните тенденции се задржаа и покажуваат стабилно водство на заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски. Од обработени половина од стигнатите гласови, Пендаровски води со 30 илјади гласови пред Сиљановска. Очекуваме таквата тенденција да продолжи и Пендаровски да биде прогласен за претседател на државата“, вели Костадинов.

Тој ѝ порача на ВМРО-ДПМНЕ да не бара изговори за поразот што ѝ следува.

„Граѓаните го препознаа концептот на единство, кој води кон ЕУ и НАТО. Граѓаните избраа вистински претседател кој води напред. Ние, граѓаните, денеска кажавме конечно ‘не’ за враќање назад во темното минато и поделби“, додаде Костадинов.