Косовци ограбиле два бутика во Скопје

Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција при СВР Скопје поднесе кривична пријава против странските државјани А.Ц.(19) и С.Ш.(22), двајцата од Косово, поради постоење основи на сомнение дека сториле две кривични дела „тешка кражба“.

„Поднесена е кривична пријава против странските државјани А.Ц.(19) и С.Ш.(22), двајцата од Република Косово, поради постоење основи на сомнение дека сториле две кривични дела „тешка кражба“. Месецов околу 17 часот во трговски центар во Скопје, од два објекти со употреба на сила одзеле брендирани производи, здобивајќи се со противправна имотна корист. Лицата се лишени од слобода, а одземените предмети се вратени на сопствениците“, информираат од МВР.