„Не се нервирај“ – лесно е да се каже, но тешко се постигнува. Стресот навистина има врска со вишокот килограми, или вишокот килограми предизвикуваат стрес или тие се последица на стресот, или и двете.

Стресот е психолошка и физиолошка реакција на барањата кои ни ги поставува секојдневието. Доколку истите се многу големи, а можностите за нивно реализирање мали (пример, немање доволно време) доаѓа до еден вид краток спој во мозокот и се вклучува систем за “одржување” односно преживување. Овој систем „бори се или бегај“ (fight-or-flight) ни овозможува да ги зголемиме сопствените можности за да ја завршиме задачата. Кога ќе престане почетниот стимулус, системот се враќа во рамнотежа.

Сепак, модерниот начин на живеење ни носи сосема поинакво сценарио. Стресните ситуации се почести, практично постојани, и системот не стигнува да се врати во нормала, се преоптоварува и се јавуваат болести. Затоа е важно човек да знае како да се справи со стресот. Стрес менаџмент значи дека знаеме како да го уклучиме горе опишаниот систем за преживување и како да го исклучиме. Еден од начините да се исклучи овој систем кога веќе нема реално потреба да биде вклучен, е релаксацијата. Стресот не може да го снема од нашиот живот, но со различни вежби за управување со истиот, можеме да му се спротивставиме и да спречиме појава на хроничен стрес. Иако следниве методи ќе ви изгледаат премногу “западњачки”, само присетете се каква работа имате – и кај нас се работи до 16/17/18 часот и барањата на работодавците се сe’ поголеми. Методите за опуштање и справување со стресот се следни:

  1. Активирајте се – физичка активност, од пешачење до пливање и кревање тегови, значително влијае на намалување на стресот, благодарение на хормоните на среќа кои се лачат при вежбање.
  2. Медитирајте – загледајте се во нешто, престанете да размислувате за изминатиот ден и уживајте.
  3. Смејте се – нема подобар лек за стресот од смеењето.
  4. Контактирајте со вашите пријатели – можеби во секојдневната брзаница сте ги заборавиле своите пријатели. Одвојте време да се најдете и видите со нив, ќе видите дека не сте единствените кои имаат проблеми.
  5. Контролирајте колку работите – научете да кажете НЕ. Не мора секогаш вие сe’ да правите, пронајдете начин да ја прераспределите работата и на другите колеги.
  6. Вежбајте јога – овие вежби и дишењето кои се практикуваат при вежбање јога доста поволно делуваат на нашето здравје.
  7. Спијте – добриот сон е природен релаксант. Во текот на спиењето нашето тело се регенерира.
  8. Хранете се здраво – пријатен, здрав оброк е одмор за душата и телото.
  9. Побарајте помош – иако психотерапијата не е толку популарна кај нас, е навистина одличен начин да се справите со стресот.