Конкурс за „Скопје Креатива 2016“

Сите заинтересирани креативни уметници-индивидуалци и компании  кои делуваат во областа на креативните индустрии со свои проекти можат да учествуваат на петтиот Конкурс во рамки на Програмата за развој на креативните индустрии „Скопје Креатива 2016“.

„Скопје креатива 2016”  која годинава ќе се одвива под мотото „Поврзиме со креативност“ – “Hub me with creativity“, има за  цел  поттикнување и развој на културно-креативната индустрија во Скопје и во Република Македонија.

На Конкурсот, кој трае до 29.2.2016 година,  ќе бидат поддржани проекти кои се во функција на промоција, афирмација и развој на креативните индустрии, во следниве сектори: архитектура, визуелни уметности, музика, театар, видео анимации, филм, индустриски дизајн, моден дизајн.

Конкурсот и пријавата од областа на креативните индустрии „Скопје Креатива 2016“ се објавени на веб-локацијата на Конгресниот центар „Александар Македонски“, (www.kongresencentaraleksandarmakedonski.mk), како и на официјалната страница на фестивалот „Скопје креатива“ (www.skopjekreativa.mk).

Реализацијата на Програмата за развој на креативните индустрии „Скопје Креатива“ е во организација на  Јавната Установа  Конгресен центар „Александар Македонски“ Скопје и   поддржана од Град Скопје и има за цел промоција, афирмација и создавање конкретни производи и услуги од областа на креативните индустрии.

cheap nike air max 90