Kонкурс за поезија и плакат за деветтиот фестивал „100 Илјади поети за промена“

Фестивалот „100 Илјади поети за промена“ во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ ги распишува годишните конкурси за поезија и плакат/ постер за своето деветто издание.

Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално.

Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на фејсбук-профилот на оваа манифестација или на poetizapromena@gmail.comнајдоцна до 1 септември 2019 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата што ја одредува организацискиот одбори здружението. Селектираните автори потоа ќе бидат застапени во зборникот „100 Илјади поети за промена“ – Македонија, кој ќе биде издаден во склоп на манифестација.

Сите останати пристигнати песни ќе бидат објавени на официјалниот сајт на „100 Илјади поети за промена“. Ваков конкурс се организира веќе деветта година, односно колку што се организира и оваа манифестација во светот.

Покрај ова, организаторите објавија конкурс и за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот. Тематски тие може да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот… Дизајнерските решенија може да се испраќаат на истиот мејл или на фејсбук-профилот на оваа манифестација најдоцна до 1 септември 2019 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата што ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението.

Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата која е дел од манифестацијата „100 Илјади поети за промена“, на 28 септември 2019 година во Струмица.

Манифестацијата „100 Илјади поети за промена“ е меѓународна и се одржува во повеќе земји во светот. Нашата држава е дел од неа уште од самиот почеток, а организирањето е  поддржано од Општина Струмица.