Коњаниците почнаа со подготовка за Илинденскиот марш (ГАЛЕРИЈА)

Коњаниците, кои оваа година ќе учествуваат на 39-от традиционален коњички марш по повод македонскиот национален празник Илинден, вчера покрај кејот на реката Вардар во близина на Паркот со езерата го одржаа тренингот.

„Илинденскиот марш 2017“ што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, на кој ќе учествуваат 20 коњаници од различна возраст, односно од 18 до 65 години, како и коњаници од различни градови, односно од Маврово и Горна Река, Чичево, Демир Хисар, Свети Николе и пешадија од Охрид, ќе стартува од Општина Аеродром, а ќе заврши на 2-ри август во Крушево.

Општина Аеродром традиционално го поддржува коњичкиот марш повеќе години наназад и ќе продолжи и натаму да ја негува традицијата, бидејќи Илинденскиот марш е најголемата и најзначајната културна манифестација во Аеродром.