Коњ се прошета на Рекорд во центарот на Скопје

Иако сакаме на Скопје да гледаме како на светска и европска метропола, во главниот град се уште неретко може да се зебележат запрежни коли во сообраќајот. Веројатно од една од овие запрежни коли претпладнево, коњ слободен прошетал на една од најфрекветните локации и автобуски станици во Скопје, на Рекорд, каде според фотографиите објавени на ФБ, го привлекол вниманието на минувачите.